четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шестолигашот Чорли испиша историја во англискиот ФА куп

Шестолигашот Чорли испиша историја во англискиот ФА куп

Аматерската екипа на шестолигашот Чорли го приреди најголемото изненадување во третото коло во ФА куп на Англија, совладувајќи го вечерва второлигашот Дерби Каунти, предводен од поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни, со 2-0.

Триумфот му донесе на Чорли пласман во четвртата рунда во англискиот ФА куп за првпат во 120- годишната историја на клубот од Ланкашир.

Дерби Каунти допатува на гостувањето во Чорли со комбиниран состав поради голем број заразени фудбалери со коронавирус.