недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Шевченко размислува да замине на фронтот во Украина – страшни работи се случуваат во Киев додека неговите најмили се заробени таму (ВИДЕО)

Шевченко размислува да замине на фронтот во Украина – страшни работи се случуваат во Киев додека неговите најмили се заробени таму (ВИДЕО)

Познатиот фудбалер и поранешен селектор на репрезентацијата на Украина, Андреј Шевченко е растргнат помеѓу помислата да замине во војна со својот народ или да им помогне на своите сонародници од Лондон во тешките моменти.

Шевченко во разговор за „Скај спорт“ истакна дека му помага на својот народ со подигање на свеста и собирање парична помош за својот народ, додека неговата мајка и сестра се уште се во Киев.

-Многу сум горд што сум Украинец. Ова се тешки времиња за мојата земја, мојот народ и моето семејство. Мајка ми и сестра ми се уште се во Киев. Страшни работи се случуваат. Луѓе умираат, деца умираат, проектили се свртени кон нашите куќи. Мораме да ставиме крај на оваа војна, мора да најдеме начин да го направиме тоа, изјави познатиот Украинец.