Прв ривал ќе биде Бугарија на 2 јуни во Разград, па три дена подоцна ќе му гостуваме на Гибралтар. На 9 јуни е третиот меч во Скопје против Грузија, а 12 јуни на Националната арена „Тодор Проески“ сме домаќини на Гибралтар.
Голманот на нашата А селекција, Дамјан Шишковски ветува дека ќе се даде максимумот да се оправдуваат нивните очекувања, но и оние на јавноста.
– Македонската јавност очекува многу, бидејќи ние тоа многупати го докажавме, и против Италија, и против Португалија, и наназад многу натпревари. Ние сме максимално спремни за тие четири натпревари во јуни, нашата селекција е подмладена, имаме неколку млади фудбалери кои се искусни, прволигаши во своите тимови – рече Шишковски.