вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шкендија домаќин на АИК во реваншот од третото квалификациско коло на Конференциската лига

Шкендија домаќин на АИК во реваншот од третото квалификациско коло на Конференциската лига

Екипата на Шкендија ќе го пречека АИК Стокхолм во реванш-натпреварот од третото квалификациско коло на УЕФА Конференциската лига.

На првиот натпревар во Стокхолм, тетовци одиграа 1:1 и со поволен резултат ќе влезат на возвратниот меч на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Тренерот на македонскиот претставник, Артим Шаќири, смета дека двете екипи влегуваат со еднакви шанси за пласман во плејофот.

-Со подеднакви шанси влегуваме во реваншот со шведскиот тим. Верувам дека на крајот ние ќе се радуваме. Имаме добар резултат од првата средба, но сега ќе биде многу поразлично. Како фудбалер имам играно две години во Шведска и добро го познавам нивниот стил, истакна Шаќири на прес-конференцијата. (МИА)