петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шкендија ја победи ЦСКА Софија во натпревар со пет погодоци

Шкендија ја победи ЦСКА Софија во натпревар со пет погодоци

Македонскиот фудбалски шампион, Шкендија забележа победа над ЦСКА Софија со 3:2.

На вчерашниот натпревар одигран во Банско, тетовци беа подобра противник и во првите минути имаа неколку шанси за гол. Резултатот го отвори Арбин Зејнулаи во 22. минута. Водството за Шкендија беше удвоено на почетокот на второто полувреме кога Димитар Видев постигна автогол. По неколку минути Ивајло Климентов намали на 1:2 со силен удар од далечина. Во 59. минута Бесарт Ибраими од пенал зголеми на 3:1, а во 74. минута резрвниот играч на бугарскиот тим, Цветомир Цанев го постави конечниот резултат.

Шкендија насатпи во состав: Захов, Мурати, Кривак, Бејтулаи, Павиќ, Алими, Зејнулаи, Џака, Нафиу, Дориев и Ибраими.