Шкендија со 3-1 го победи тимот на Валмиера и со вкупни 5-2 се пласира во третото квалификациско коло од Конференциската лига.
По триумфот во Летонија, Шкендија беше јасен фаворит за пласман понатаму, македонскиот тим таквата улога ја оправада у на терен.
Шкендија поведе со гол на Бејтулаи уште во 11. минута, а Мурата со среќен погодок во 25. минута успеа да изедначи на 1-1.
Осум минути подоцна Шкендија го врати водството благодарение на еден супер погодок на Дориев кој почна трка од својата половина, направи соло акција и ја затресе мрежата на противникот за 2-1.
Работата на тетовскиот тим беше дополнително олеснета во 67. минута откако Мурата заработи втор жолт картон па Валмиера остана со фудбалер помалку.
Точка на мечот стави Рамадани со погодок во 85. минута од натпреварот.