понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шкендија убедливо поразена од Мура

Шкендија убедливо поразена од Мура

Шкендија претрпе убедлив пораз со 5:0 вечерва во Словенија на реванш натпреварот од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Така, македонскиот претставник со два пораза (0:1 прв натпревар) од Мура и без постигнат гол го заврши настапите во квалификациите за ЛШ.

Стрелци на головите за словенечкиот тим вечерва беа: Лука Бобичанец (25. и 45+1. минута), Михаел Клепац (55. и 87. минута) и Жига Кус во 64. минута.

Шкендија настапите на евро-сцената ќе ги продолжи во второто коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.