И последниот македонски претставник во Европа, првакот Шкупи, е елиминиран од европските натпревари оваа сезона, откако загуби и на реваншот од Балкани со 1-0.
Чаирчани речиси цел меч го одиграа со играч помалку, откако Абдула уште во 2. минута доби директен црвен картон, и беше исклучен од игра. Првакот на Македонија добро се држеше и имаше шанси се до 69. минута кога Меритон Кореница погоди во мрежата на Наумовски и донесе водство, што на крајот ќе се покаже и конечен резултат.
Со тоа косовскиот првак испиша историја и се најде во групната фаза од Лигата на конференции.
Шкупи во оваа европска авантура забележа само еден триумф, против Линколн од Гибралтар, а беше елиминиран од Динамо Загреб, потоа од Шамрок и сега од Балкани.