вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Шкупи со порака: Скопјани, дојдете во вторник на Арената да направиме историја

Шкупи со порака: Скопјани, дојдете во вторник на Арената да направиме историја

Во вторник во Скопје со почеток од 21 часот, нашиот фудбалски шампион Шкупи против Динамо Загреб ќе го одигра возвратниот дуел од 2.квалификациско коло во ЛШ. Првиот меч во Загреб беше 2:2 со што се отвори шанса Шкупи да оди натаму.

Јасно е дека ќе биде тешко против силниот Динамо, па затоа чаирчани упатија порака преку своите социјални мрежи до граѓаните на Скопје.

Драги граѓани на Скопје како и подржувачи на Шкупи, во вторник сме на чекор до испишување на историја и пласман во третата квалификациска рунда во ЛШ. За да се случи ова на нашиот тим му е потребна поддршка. Дојдете на Арената, ни треба вашата поддршка“.

Инаку билетите и натаму се продаваат, а чина од 150 до 1.000 денари.