петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ШОК ОТКРИТИЈА ЈА ТРЕСАТ ШПАНИЈА: Објавена преписка меѓу Меси и Барселона

ШОК ОТКРИТИЈА ЈА ТРЕСАТ ШПАНИЈА: Објавена преписка меѓу Меси и Барселона

Нова „бомба“ во медиумите повторно ја тресе Шпанија, а се однесува на Лионел Меси. Шпанскиот весник „Ел Мундо“ ги открива сите детали, документи и преписки меѓу Лионел Меси и Барселона, поради кои фудбалерот на крај остана без нов договор и го напушти клубот по 21 година.

Весникот дошол до бројни документи кои откриваат што се случувало во последните преговори меѓу Меси и Барса. Неверојатните сознанија велат дека Меси барал камата од Барселона за долговите, бонус од 10.000.000 евра, посебна ложа, приватен авион сред сезона…

Преговорите за новиот договор почнале на 11 јуни 2020 година, дури една година пред Меси да го напушти клубот по истекот на договорот, минатото лето. Двете страни сакале да дојде до продолжување на соработката, но „Ел Мундо“ сега открива приватн преписки за тоа како течеле преговорите и какви барања имал Меси.

Лео од Барса барал на „Ноу Камп“ да има приватна ложа за неговото семејство и за семејството на Луис Суарез. Барал приватен авион со кој со семејството секоја година за Божиќ сакал да одлета во Аргентина. Меѓу барањата бил и бонус од 10.000.000 евра за потпис за нов договор. А ова е само загревање.

Наводно барање на фудбалерот било и излезната клаузула за напуштање на клубот да се намали од 700.000.000 евра на 10.000 евра. Барал и камата од 3 проценти за долгот кој клубот го имал кон него за сезоната 2019/20, кога на играчите им беше намалена платата поради коронавирус пандемијата.

За намалувањето на платата од 20 проценти во овој период, Меси барал загубата да му се врати за време на три сезони при евентуален нов договор, секако со камата. Сепак „Ел Мундо“ пишува дека тогашниот претседател на Барса, Бартомеу бил подготвен да ги прифати сите услови, освен два: намалување на излезната клауза на симболични 10.000 евра и плаќање на бонусот од 10 милиони за потпис на нов договор.

Во летото 2021 проблемите на клубот беа големи, па Барса не можеше да ги исполни условите во прашање на финансиски фер-плеј и Меси мораше да го напушти клубот.