среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шок за фудбалска Хрватска: Еден од најдобрите репрезентативци се откажа од националниот тим (ФОТО)

Шок за фудбалска Хрватска: Еден од најдобрите репрезентативци се откажа од националниот тим (ФОТО)

Напаѓачот Марио Манџукиќ преку порака на Инстаграм објави повлекување од репрезентацијата на Хрватска.

Манџукиќ има 89 настапи и 33 гола во дресот на репрезентацијата, кои стигнаа до историското второ место на Светското првенство во Русија.

-Не постои совршен момент за повлекување од националниот тим, но сребрен медал од Светското првенство ми даде сила да го направам овој важен чекор, напиша меѓу другото 32-годишниот напаѓач на Јувентус.

(Миа)