среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ШОК ЗА ХРВАТСКА: Иван Перишиќ има коронавирус

ШОК ЗА ХРВАТСКА: Иван Перишиќ има коронавирус

Голем шок ја потресе Хрватска пред осминафиналната пресметка со Шпанија во Копенхаген, откако еден од најдобрите фудбалери Иван Перишиќ има коронавирус и отпаѓа од комбинација за мечот со „црвената фурија“.

Перишиќ беше стрелец на два од четирите гола што Хрватска ги даде во групната фаза, патем асистираше и на еден погодок.

Анте Ребиќ, Милсав Оршиќ или Јосип Брекало, според најавите ќе бидат алтернативата за позицијата на Перишиќ, кој оди во десетдневна изолација, а Хрватска ако ја помине Шпанија, ќе го прескокне и четвртфиналето со подобриот од осминафиналниот дуел Франција – Швајцарија.

Хрватскиот сојуз објави дека сите останати фудбалери се негативни.