сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ШОКАНТНА ПОРАКА: Истражувајте ја фудбалската мафија, ова со Сала не е несреќен случај (ФОТО)

ШОКАНТНА ПОРАКА: Истражувајте ја фудбалската мафија, ова со Сала не е несреќен случај (ФОТО)

Додека светот чека вести за Емилијано Сала пристигнуваат разни пораки, а една од најшокантните ја пренесе поранешната девојка на фудбалерот.

Таа тврди дека ова не е несреќен случај и дека е вмешана фудбалската мафија.

-Истражувајте ја фудбалската мафија, не можам да поверувам дека ова е несреќен случај.

За многу брзо време објавата беше тргната, но имаше доволно време да биде пренесена од голем број медиуми.

-Сакам да се разбудам и да сфатам дека ова не е вистина. Не верувам дека е несреќа и дека потрагата беше прекината поради лошото време. Се чуствувам беспомошно, дополни девојката која со Сала била во врска неколку месеци.

Инаку, во светските медиуми денеска се појави и последната порака на Сала испратена кон свој близок пријател во Аргентина директно од авионот. Се претпоставува дека пораката е пратена неколку моменти пред авионот комплетно да исчезне од радарот на контролата на летање…

-Мртов сум. Се чувствувам многу уморно. Бев во Нант и правев многу работи, и работи, и работи… Сега одам во Кардиф со авион кој ми се чини дека ќе се сруши секој момент. Утре ќе тренирам со нови соиграчи. Ако не ви се јавам за еден час и половина, не знам дали ќе испратат некого да ме бара… Се плашам, е последната порака на Аргентинецот.

Сала само пред три дена реализираше трансфер од Нант во Кардиф за 17 милиони евра.

Во Велс летал со приватен авион на претседателот на својот нов клуб.