четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шоу на Адеми во дербито: Гол и асистенција за две минути против Хајдук (ВИДЕО)

Шоу на Адеми во дербито: Гол и асистенција за две минути против Хајдук (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Македонија Аријан Адеми одлично го стартуваше денешното дерби против Хајдук и во две минути забележа гол и асистенција.

Адеми прво во осмата минута доби една топка и погоди за водство и тоа беше негов шест гол оваа сезона, а четврти во дерби пресметките со Хајдук.

Само две минути подоцна Динамо поведе со 2:0 откако Адеми му асистираше на Батурина. Пред крајот на првиот дел Динамо дојде и до 3:0, Батурина вторпат се запиша во листата на стрелци.