На прес-конференцијата селекторот на „црвената фурија“ објасни зошто не го повикал капитенот на Реал Мадрид.
„Долго размислувавме за оваа одлука. Во неделата имавме приватен разговор. Не беше лесно, но морам да реагирам во интерес на репрезентацијата. Рамос не е во состојба да тренира и да игра. Беше многу тешко, но во иднина може да биде член на селекцијата, тој е професионалец“, вели Енрике.