Фудбалските репрезентации на Шпанија и Хрватска го одиграа највозбудливиот меч во досегашниот дел од Европското првенство, во регуларниот дел беше 3-3, а по продолженијата Шпанците победија со 5-3 и се пласираа меѓу осумте најдобри.
Шпанија тргна офанзивно, сакаше брзо да го отвори резултатот, но наместо мрежата на противникот ја затресоа сопствената. Во 38. минута Педри од речиси половна терен во обид да ја врати топката до голманот Симон си постигна неверојатен автогол.
По негативата на Шпанија и требаше време да ја врати играта од првите минути, но како одминуваше времето успеваа во тоа. Во 38. миинута Сарабиа погоди за израмнување на 1-1.
Во вториот дел Шпанија ја продолжи доминацијата, во 57. минута Аспиликуета реализираше со глава за комплтен пресврт и водство на Шпанците од 2-1.
Хрватите имаа неколку шанси за израмнување, откако не погодија, Феран Торес го зголеми водството на Шпанија од 3-1.
Во 85. минута по една мешаница, Оршиќ постигна гол, топката не ја затресе мрежата, но ја мина гол линијата, судијата покажа кон центарот, Хрватите намалија на 3-2 за интересен финиш на мечот, и токму таков се случи.
Во втората минута од судиското продолжение по нафрлување Оршиќ, Пашалиќ погоди со глава за израмнување на 3-3. Натпреварот отиде во продолженија.
Хрватска тргна офанзивно во продолженијата, Оршиќ и Крамариќ пропуштија големи шанси за водство, а потоа стигна казната со камата.
Во 100. минута Мората со силен шут ја искина мрежата на Хрватите за водство на Шпанија од 4-3, а три минути подоцна Ојразабал постигна погодок за 5-3. И во двете ситуации Дани Олмо беше асиситент.