Репрезентацијата на Шпанија ќе игра во финалето на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Шпанците синоќа во Реџо Емилија, ја совладаа Франција со 4:1, иако противникот прв дојде во водство.
Противник на „црвената фурија“ во мечот за трофејот ќе биде Германија која во првото полуфинале ја совлада Романија со 4:2.
Финалето е закажано за в недела (30 јуни) во Удине со почеток во 20:45 часот.