Раководството на Ла Лига им препорача денеска на фудбалерите на сите 42 екипи од првата и втората шпанска лига што помалку да ги користат соблекувалните и да се тушираат во своите домови или во хотелските соби веднаш по натпреварите, со цел да се сузбие ширењето на пандемијата на коронавирус која изминатите денови повтоно зема замав во земјата.
Ла Лига во својот нов правилник прецизираше дека играчите мораат секојдневно да се тестираат со брзи антигенски тестови при доаѓање на тренинг, клупските собири и лекарските прегледи за што на секој клуб дневно ќе му следуваат по 60 тестови. Предвидено е задолжително тестирање и за тренерите и леновите на клупскиот персонал, кои се во контакт со првите екипи.
Во Шпанија настапуваат двајца македонски репрезентативци – голманот на Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски и играчот за врска на Леванте, Енис Барди.