понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шпански фудбалерки сведочеа во постапката против Рубиалес

Шпански фудбалерки сведочеа во постапката против Рубиалес

Двократната освојувачка на Златната топка, Алесија Путелјас и две нејзини колешки од шпанската репрезентација се појавија денеска на суд за да сведочат во постапката против поранешниот претседател на тамошниот Фудбалски сојуз Луис Рубиалес.

Путелјас, Ирен Паредес и Миса Родригез одговараа на прашањата на судија во Мадрид. Родригез се појави во судница во шпанскиот главен град, додека Путелјас и Паредес сведочеа преку видеоконференциска врска од Барселона.

Рубиалес е обвинет за сексуален напад и изнуда откако без нејзина согласност ја бакна в уста шпанската репрезентативка Џенифер Ермосо за време на доделувањето на златниот медал на Светското првенство во август.

После бројни критики, суспензии и отпочнувањето на судската постапка Рубиалес поднесе оставка на челното место во Фудбалската федерација на Шпанија.

Доколку биде прогласен за виновен на Рубиалес му се заканува парична или затворска казна во траење од една до четири години.