понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шпанскиот суд ја поништи кривичната пријава за Рубиалес

Шпанскиот суд ја поништи кривичната пријава за Рубиалес

Првиот човек на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес нема да добие долга забрана за извршување на неговата должност иако беше во центарот на вниманието по скандалот со бакнувањето на репрезентативката Џенифер Хермосо.

Неколку институции и организации побараа оставка и санкции побараа долга забрана за извршување на должноста, се вмеша и ФИФА која процени дека Рубиалес ги прекршил етичките норми. Сепак, поголема казна за него веројатно нема да има.

Спортскиот арбитражен суд во Мадрид не ја прифатил ваквата сугестија и ја поништил кривичната пријава за ова „дело“ и сега тоа е преиначено во „тежок етички прекршок“. Максималната казна која Рубиалес може да ја добие е двегодишна забрана за работа во спортскиот сектор.