среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Што кажа Гвардиола за можниот трансфер на Роналдо во Сити

Што кажа Гвардиола за можниот трансфер на Роналдо во Сити

Кристијано Роналдо пред да се согласи на трансфер од Јувентус во Манчестер јунајтед, наводно бил близу до преселба во редовите на градскиот ривал Манчестер сити.

Тоа очигледно било голема шпекулација, можеби само да се загрее интересот на Манчестер јунајтед за Португалецот, што потврдува и изјавата на менаџерот на граѓаните, Пеп Гвардиола.

Запрашан дали Сити ќе го доведеше Роналдо во тимот, доколку Јунајтед не се појавеше со понуда, шпанскиот стратег даде кратка изјава со долга пауза.

„Па… мислам дека не“, рече менаџерот на Сити.