Штутгарт ја забележа втората последователна победа на гостински терен, откако вечерва славеше против Борусија Дортмунд со убедливи 5:1 во 11. коло во Бундеслигата.
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов влезе во игра во 88. минута, запишувајќи го својот петти настап сезонава во дресот на Штутгарт.
Резултати – 11 коло:
Борусија Менхенгладбах – Херта 1:1
Борусија Дортмунд – Штутгарт 1:5
Фрајбург – Арминија Билефилд 2:0
Мајнц – Келн 0:1
Лајпциг – Вердер Бремен 2:0.