недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Швајцарците огорчени поради малата казна за Џака и Шакири: ФИФА мораше да биде без милост и да прати јасна порака

Швајцарците огорчени поради малата казна за Џака и Шакири: ФИФА мораше да биде без милост и да прати јасна порака

Реакциите од српските медиуми, кои ги напаѓаат, реакциите од албанските медиуми кои ги величат се очекувани, а најмалку што може да се каже е дека интересни се реакциите кои доаѓаат од Швајцарија по повод казната која ФИФА им ја изрече на нивните репрезентативци Гранит Џака и Џердан Шакири, поради тоа што на мечот со Србија, на Мундијалот во Русија симболизираа албански симбол и на тој начин испратија провокација и политичка порака, што според правилата е најстрого забрането.

Тие двајца од ФИФА беа казнети со 10.000 швајцарски франци, додека нивниот капитен Стефан Лихтштајнер за истиот прекршок беше казнет двојно помалку, а швајцарските медиуми малку неочекувано не гледаат со доза среќа на оваа казна.

Угледниот весник „Блик“ констатира дека е среќа што не се казнети со суспензија и забрана да настапат на неколку натпревари, но исто така истакнуваат дека на овој начин ФИФА по својот стар добар обичај пропуштила да испрати јасна порака на сите дека за политика нема место на фудбалскиот терен.

-ФИФА го реши овој случај како што и инаку ги решава. Парично, играчите и членовите на федерацијата сега можат да воздивнат.  Како и многу навивачи. Тимот може потполно да се спрема за продолжението на својата летна бајка. И, за некои оваа казна одговара, за други е лош компромис. Едно е сигурно: ФИФА пропушти да испрати јасна порака. Се ова беше една алиби процедура. Требаше да прати јасен знак. Да му покаже на фудбалскиот свет: така провокативни и националистички пораки, кои будат деликатен конфликт, нема да бидат толерирани. Посилна реакција би ја разденила ситуацијата… Ако играч направи пенал, ќе биде санкциониран. Ако тоа му е втора казна, лета од теренот, исклучен е. Со други зборови, она покажување на орел, кое беше една неодговорна глупост, требаше да е неспоредливо со другите работи, играчите стварно би требало да извлечат порака  од ова. Да, српските провокации беа потешки, предизвикани и од политичари и од претставници на сојузот и од страна на навивачите. И од страна на тренерот, кои би морале да ја повлечат својата изјава за тоа дека судијата треба да го однесат пред суд. Но тројца швајцарски фудбалери си дадоа автогол. Нека сега,како на теренот, ја исперат својата уста и продолжат да играат фудбал, пишува во колумната на спортската рубрика на „Блик“.

Исто така, овој медиум дознава и дека Шакири и џака оваа казна нема да ја платат од свој џеб, туку дека тоа ќе го направи албанската дијаспора во САД, затоа што Албанец со име Рилинд Река, покрена кампања на интернет да се соберат пари за плаќање на нивните казни, затоа што „донеле среќа на сите Швајцарци и Албанци низ светот“, и наводно за кратко време потребните пари биле собрани.