Некогашниот капитен на германската репрезентација, Бастијан Швајнштајгер, истакна дека е презадоволен од она што го видел од дефанзивниот двоец на Италија, Кјелини – Бонучи, за кои рече дека се најдобар тандем во Европа.
„Аѕурите“ ја срушија Белгија која на ова ЕП важеше за еден од фаворитите за освојување на европскиот трон со 2:1.
„Бонучи и Кјелини се моментално најдобриот централен бековски тандем, полни со искуство“, напиша Швајнштајгер на Твитер.
Овие двајца играчи комбинирано имаат 70 години и заедно се во репрезентацијата, а досега имаат одиграно 217 натпревари.
На Кјелини договорот со Јуве му истече во јуни, а мечот со Белгија за репрезентацијата му беше 110-ти во кариерата.