петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шведските навивачи ќе бидат придружувани од полиција од стадионот до аеродромот поради закана од повторен напад

Шведските навивачи ќе бидат придружувани од полиција од стадионот до аеродромот поради закана од повторен напад

Бриселската полиција организира придружба на навивачите на шведската репрезентација од стадионот Рои Бодуен, до аеродромот пренесува „ Sudinfo“, повикувајќи се на кризниот штаб.

-Напаѓачот изјави дека негови цели биле шведски државјани. Поради тоа, полицијата ќе го следи движењето на шведските навивачи до аеродромот, пишува порталот.

Синоќа во близина на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел, каде што се играше квалификацискиот натпревар за Европското првенство П 2024 меѓу Белгија и Шведска, беа убиени двајца навивачи облечени во дресови на шведската репрезентација. Средбата беше прекината од безбедносни причини. Околу 35 илјади луѓе кои дојдоа на натпреварот меѓу репрезентациите на Шведска и Белгија чекаа четири часа на евакуација на стадионот по инцидентот.

Подоцна се дозна дека терористот кој ги нападна фудбалските навивачи во Брисел на белгиските разузнавачки служби им бил познат по радикалните исламски ставови.