вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Си замина од Барса по 29 дена, а Лапорта го пречека со зборовите: „Се надевам ќе остане долго време“

Си замина од Барса по 29 дена, а Лапорта го пречека со зборовите: „Се надевам ќе остане долго време“

Во самиот финиш на летниот трансфер период, раководството на Барселона направи чуден потег, затоа што го продаде бразилскиот дефанзивец Емерсон Ројал.

22-годишниот десен бек се пресели во редовите на Тотенхем, кој за овој трансфер издвои 30 милиони евра. Интересно е тоа што Емерсон мина само 29 дена во Барселона. Тој пристигна од Бетис ова лето за трансфер вреден девет милиони евра и никој не се надеваше дека веднаш ќе замине.

„Уверен сум дека ќе има многу успеси во клубот и дека ќе остане тука долго време“, рече претседателот на Барселона, Жоан Лапорта на презентацијата на Емерсон.

На крај, Бразилецот одигра само три натпревари за Барселона. Претходно, Емерсон ги бранеше боите на Бетис, клуб за коj потпиша на двегодишна позајмица во 2019 година и тоа токму од Барселона.