Македонскиот фудбалски клуб Силекс ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на шампионите уште во првото коло, откако доживеа пораз од 4-0 (2-0) на гостувањето кај Карабак во Баку, Азербејџан.
Стрелци за домаќините беа Ромеро (11), Гуерер (40 и 51) и Емрели (80).
По поразот, Силекс ќе игра во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.
Карабах во второто квалификациско коло ќе игра против подобриот од Шериф Тираспол и Фола Еш од Луксембург.