Фудбалерот на Челзи, Тијаго Силва ги искажа своите очекувања во пресрет на натпреварот со Милан од четвртото коло во Лигата на шампионите.
Двете екипи вечер од 21 часот ќе се сретнат во Милано. Пред седум шест дена, во 3. коло лондонскиот тим победи на домашен терен со резултат 3:0.
– Не мислам дека Милан не е доволно силен. Имаа лош натпревар минатата недела, тоа се случува, но таквите големи клубови не си дозволуваат два лоши натпревари по ред. Одиграа одлично против Јувентус во саботата и ќе се обидат да приредат уште еден одличен натпревар. Можам само да ги предупредам нашите соиграчи дека ќе мораме многу да се потрудиме бидејќи играњето на „Сан Сиро“ против Милан е секогаш исклучително тешко, изјави Бразилецот, кој во минатото играше за „росонерите“.
По три кола во Е-групата, Води Салцбург со пет бодови, Челзи и Милан имаат по четири, Динамо Загреб е последен со три бода. (МИА)