Фудбалерот на Маннчестер сити, Бернардо Силва истрча 13,7 километри синоќа на натпревар со Ливерпул. Ова е рекорд во досегашниот дел од сезоната во англиската Премиер лига.
Дваесет и четиригодишниот Португалец во тековната сезона одигра 26 натпревари за Сити, постигна седум гола со седум асистенции.
Манчестер го доби натпреварот со 2:1 и ја намали разликата во однос на лидерот Ливерпул на четири бода.