Бразилскиот ветеран Тиаго Силва призна дека одлуката на ПСЖ да го ангажира Серхио Рамос го направи „навистина тажен“.
Силва го напушти Париз минатата година затоа што е „стар“ и клубот не беше подготвен да му даде нов договор.
„Немам ништо против Серхио Рамос, но Серхио беше на иста возраст како мене кога му понудија двегодишен договор, а на мене ми рекоа дека сум премногу стар“, рече 36-годишниот фудбалер за ЕСПН Бразил.
“Многу ме растажи тоа. Се уште не разговарав со никого за тоа, ме повреди бидејќи чувствував дека не сум направил ништо за клубот. Моето заминување е завршена приказна и свртена страница, но во истовремено многу размислувам за се што се случи. Поминав осум години во Париз, имав многу убави работи, придонесов за многу победи и трофеи и на некој начин му помогнав на ПСЖ да биде на нивото што е сега“. додаде Силва.
„Му посакувам се најдоброто на ПСЖ, да освои трофеи, но навистина мислам дека можеше да се постапи поинаку и затоа сум малку тажен“, признава Силва.