понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Силва: Против Русија нема да е ништо полесно отколку со Бразил

Силва: Против Русија нема да е ништо полесно отколку со Бразил

Шпанскиот репрезентативец Давид Силва во пресрет на осминафиналниот дуел на Мундијалот против домаќинот Русија очекува многу тежок и неизвесен меч.

– Ќе биде неверојатно тешко да се игра против Русија. Мислам дека тоа не е помалку тешко од, на пример, со бразилскиот национален тим. Иако многумина не сметаа за апсолутни фаворити, сепак очекувам многу битка на теренот. Противникот има квалитетни фудбалери кои играат цврсто. Ќе имаат и поддршка од публиката. Ние треба да влеземе многу фокусирани и да одиграме на високо ниво сите 90 минути, изјави Силва.

Тој досега на Мундијалот ги одигра сите три натпревари и забележа една асистенција.

Натпреварот Русија – Шпанија почнува во 16 часот.