Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги му се извини на својот брат Филипо Инзаги, откако синоќа неговиот тим одигра 0:0 со Торино. По ова реми, Беневенто предводен од Филипо ги изгуби и теоретските шанси за опстанок во Серија А, а Торино останува во елитата.
– Разочаран сум за мојот брат, но дадовме максимум и мислам дека ова е добар одраз на италијанскиот фудбал. Убаво беше да се види како се борат двата тима до последната минута. Беше многу долга и многу тешка сезона, практично имавме две според тоа што игравме на секои три дена. Не чека последниот натпревар, и ние повторно ќе дадеме сè од себе, изјави Симоне Инзаги.
По овој натпревар, Лацио“ со 68 бода е шести во поредокот и си обезбеди учество во групната фаза од Лигата на Европа.
Торино со 36 поени е 17, едно место пред Беневенто кој остана на 32 бода и следната сезона ќе игра во Серија Б.