Утре во терминот од 17:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на комплексот на ФФМ, Македонија Ѓорче Петров ќе го игра натпреварот од првото квалификациско коло за Конференциската лига против РФС Рига од Летонија.
Денес шефот на стручниот штаб на „лавовите“, Горан Симов ја одржа официјалната прес-конференција пред натпреварот и порача дека неговиот тим е подготвен да го даде максимумот.
„Сакам прво да им посакам среќа на сите македонски претставници во Европа летово. Противникот добро го анализиравме и ќе се обидеме да ги искористиме нивните слабости во наша полза. Нивната дисциплина е на навистина високо ниво и индивидуално се добри. Свесни сме дека немаат пораз и мора да бидеме сконцентрирани. Топлото време ќе ни прави проблеми, но нив ќе им биде уште потешко“.
Поволен резултат од првиот натпревар би донел полесна задача пред реваншот.