На 82-годишна возраст вчера почина легендарниот бразилски фудбалер Пеле. Едсон Арантес до Насименто – Пеле се смета за еден од најголемите играчи на сите времиња. Со репрезентацијата на Бразил три пати беше светски првак, што не го направил ниту еден играч.
Од него се прости и легендарниот ас од југословенските простори, Драган Џајиќ.
„Толку сум тажен. Тој беше симбол на фудбалот и неговата генерација. Многу луѓе го сакаа и го почитуваа, а тој сè е феномен. Една средба со него никогаш нема да ја заборавам. Тоа се случи на нашиот прием во амбасадата во Бразил. Тој дојде до мене, разговаравме затоа што бев капитен на Југославија, а потоа ме праша дали му го испратиле телевизорот што му го ветиле од Југославија. Му реков дека ништо не испратиле по нас, не знам дали можеби ќе го испратат подоцна, но знам дека му бил ветен“, раскажа Џајиќ.