сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Сити преку Јунајтед до трето по ред финале во Лига купот

Сити преку Јунајтед до трето по ред финале во Лига купот

Манчестер сити ќе игра во финалето на англискиот Лига куп, откако синоќа загуби од Манчестер јунајтед во реванш полуфиналето со 1:0, но со вкупни 3:2 е вкупен победник.

Тимот на Пеп Гвардиола трета година по ред ќе се бори за трофејот во ова натпреварување, нешто што го има направено Нотингем форест во периодот 1978-1980.

Рекордот му припаѓа на Ливерпул, кој четири години по ред играше во решавачкиот натпревар за Лига купот (1981-1984).

Ливерпул има осум трофеи, Сити шест.

Оваа година ривал на Ман Сити в финалето ќе биде Астон Вила. Натпреварот ќе се одржи на 1 март во Лондон на „Вембли“.