понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сити се повлече од трката за Рајс, Арсенал ќе урне британски трансфер рекорд!

Сити се повлече од трката за Рајс, Арсенал ќе урне британски трансфер рекорд!

Манчестер Сити изненадувачки испрати понуда за Деклан Рајс и се обиде да ја упропасти трансфер зделката на Арсенал, но откако сфати дека клубот од Северен Лондон е навистина решен да не штеди за англискиот репрезентативец, актуелниот европски првак се откажа од трката.

Британските медиуми ова попладне информираат дека Сити се повлекол од наддавањето за Рајс и не планира да се натпреварува со Арсенал за тоа кој клуб ќе исплати повеќе пари, бидејќи веднаш по одбиената понуда од 90 милиони фунти, „топчиите“ доставија нова.

Третата понуда на Арсенал изнесува фиксни 100 милиони фунти и 5 дополнителни во вид на бонуси, што претставува британски трансфер рекорд, но и порака до „граѓаните“ да се повлечат од битката.

Медиумите од Островот сега пренесуваат дека Сити повеќе не е закана за Арсенал и Микел Артета, па сега „топчиите“ ќе можат мирно да преговараат со претставниците на Вест Хем за конечно прецизирање на завршните зделки.

Претпоставките се дека „чеканите“ ќе ја прифатат последната рекордна понуда, но во наредниот период се очекуваат преговори околу висината на исплатите во неколку рати.