четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Скај Спорт: Челзи испрати понуда за Халанд, Дортмунд им одговори

Скај Спорт: Челзи испрати понуда за Халанд, Дортмунд им одговори

Борусија Дортмунд ја одби првата понуда на Челзи за Ерлинг Халанд, јавува Скај Спорт.

Не е познато колку Челзи понудил, но се споменува дека Борусија би можела за младата норвешка ѕвезда да бара дури 175 милиони евра. Челзи во трансферот сака да го вклучи Тами Абрахам или Калум Хадсон Одои како би ја смалил цената.

Борусија сака да го задржи Халанд и следната сезона затоа што остана без Џејдон Санчо, за чиј трансфер во Манчестер Јунајтед се чако само службена потврда.

Сепак, Халанд има клаузула во договорот по која за една година може да замине за само 70 милиони евра, што би можело да го поттикне Дортмунд да го продаде овој преоден рок, ако добие добра понуда.

Проблем во евентуалниот трансфер на Халанд можед да биде и неговиот агент Мино Раиола. Според наводите на Скај Спорт, тој за трансферот би можел да бара провизија од 40 милиони евра.