среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Скалони ќе ја води Аргентина до 2026 година!

Скалони ќе ја води Аргентина до 2026 година!

Аргентинскиот селектор Лионел Скалони кој ги предводеше „гаучосите“ до првата светска титула по 36 години на Светското првенство во Катар, очекувано го потпиша новиот договор со аргентинската федерација (АФА) до 2026 година.

Скалони кој седна на клупата како привремено решение во 2015 година, а потоа доби сигурна работа и се соочуваше со безброј критики, во последниве година ипол освои три титули од Копа Америка во 2021 година, па Финалисима и на крај СП во Катар.

Неговото останување беше начелно договорено уште пред СП, а со освојувањето на светската круна немаше шанси да си замине од клупата и сега тој ќе ја води Аргентина во одбрана на трофеите, прво на Копа Америка идната година во САД, а потоа и на Мундијалот во САД, Мексико и Канада во 2026 година, до кога му трае сега новата соработка.