среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

СКАНДАЛ: Чиле пред исфрлање, си донеле проститутки во хотелот!

СКАНДАЛ: Чиле пред исфрлање, си донеле проститутки во хотелот!

Голем скандал ја раздрма чилеанската фудбалска репрезентација на Копа Америка. Наводно донела проститутки во хотелот и со тоа ги прекршила протоколите за корона.

Артуро Видал, Гери Медел, Пабло Арангуиз, Едуардо Варгас, Жан Менезес, Гилермо Марипан и Пабло Галдамес направија забава и донесоа проститутки во хотелот.

Поради растот на заболени со Ковид-19 во Јужна Америка, турнирот беше преместен во Бразил непосредно пред почетокот, а играчите се во целосен карантин за да не ризикуваат. Сепак, искусните фудбалери во составот на Чиле, Артуро Видал и Гери Медел во хотелот довеле проститутки, за кои Чилеанската федерација „се вади“ дека биле фризерки.

Сите репрезентации на Копа Америка се под строги Ковид-протоколи, бидејќи турнирот се одржува во Бразил, каде вирусот и натаму е сериозно раширен.

Поради скандалот, техничкиот директор на чилеанската репрезентација Мартин Ласарте поднесе оставка. Фудбалерите кои учествувале во него ќе бидат жестоко казнето, а се шпекулира дека Чиле може да биде исфрлен од турнирот. Инцидентот се случил пред мечот со Боливија на кој Чиле триумфираше со 1-0.