четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Скандал во Атина: Галатасарај итно ја напушти Грција поради „дрскиот“ однос на цариниците

Скандал во Атина: Галатасарај итно ја напушти Грција поради „дрскиот“ однос на цариниците

Експедицијата на фудбалскиот тим на Галатасарај вчера отпатува во Атина каде што требаше да игра пријателски натпревар со Олимпијакос. Меѓутоа турскиот гигант се реши да се врати назад во Истанбул, по само два часа од слетувањето.

Причина за таквото нешто е дрскиот однос на цариниците, кои не им ги признавале ПЦР тестовите на играчите и на стручниот штаб на екипата.

„Додека целосно го почитувавме она што грчките службеници го бараа (ПЦР тестови во последните 72 часа, брзи антигенски тестови во последните 48 часа и потврда за вакцинација), поминаа неколку лица од нашата група. Подоцна еден од грчките цариници рече дека не ги прифаќаат нашите ПЦР тестови и мораме да се тестираме повторно, и тоа го кажа со дрзок став, иако меѓу Турција и Грција постои протокол за меѓусебно признавање на ПЦР тестовите“, се наведува во соопштението од Галатасарај.

Играчите два часа чекаа, и се решија да се вратат назад.

„Грчките службеници не дозволија играчите да ги користат салоните на аеродоромот, а не ни дадоа ниту вода“, изјавија од турскиот клуб.

Се огласи и министерот за спорт Мехмет Мухарем Касапоглу кој го осудил инцидентот и им дал поддршка и на претседателот Бурак Елмас и на тренерот Фатих Терим.