Фановите на ПАОК повторно со тешка провокација до сите Македонци, велејќи дека Македонија е единствена и е во Грција.
Денеска солунски ПАОК ја отвори групната фаза од Лигата на Европа, на домашен терен против англискиот гигант Челзи, а тие овој меч го искористија за испраќање провокација до Македонците.
-Македонија една и единствена и таа е тука, се вели во транспарентот на Тумба стадионот.
Инаку, бидејќи овде станува збор за политичка провокација, клубот од Солун најверојатно го очекува казна од УЕФА, бидејќи од европската куќа на фудбалот е строго забрането мешањето на спортот и политиката.
Погледнете го видеото: