Пари Сен Жермен вечерва го пречекува Реал Мадрид во реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Дани Алвес даде свое видување за трагичниот настан во Италија, откако доби прашање дали во ПСЖ се потресени поради смртта на Астори.
-Дали сме потресени? Не сме. Можеби затоа што не бевме премногу блиски со него, не го познававме доволно добро. Сочуство за семејството, навистина ми е жал. Јас размислувам за животот, сите сме тука со некоја цел. Кога ќе го завршиме тоа, одиме на другиот свет. Можеби, во овој хаотичен свет, Давиде направи тоа што можеше, а сега сигурно е на подобро место, вели дефанзивецот на ПСЖ.
Алвес сурово потсети дека во светот секојдневно умираат многу деца, а за тоа на никој не му е грижа.
-Во светот, поради глад и други причини, дневно умираат илјадници деца низ целиот свет, но не добиваат доволно внимание, а еднакво се важни. Едноставно како на никој да не му е грижа. Она што сакам да го кажам е дека сега сме тука, но ќе дојде моментот кога сите ќе умреме, порано или подоцна. Жал ми е за семејството на Астори, слушнав дека бил многу сакан и почитуван. Секако дека ми е жал бидејќи починал човек кој се занимавал со истата работа како и јас, но ние кои не сме биде доволно поврзани и блиски со него, не сме многу потресени, објасни Алвес.