Фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој ова лето беше ангажиран за цели 100 милиони евра, синоќа беше мета на критики поради неговиот потег во еден момент од натпреварите.
Бразилецот во победата против Шериф со 3:0, се обиде да произведе неверојатен перформанс со топката, но не успеа, па по натпреварот ги собра критиките.
Дури и големиот Пол Сколс по натпреварот истакна дека такво однесување на терен наликува на „циркуско“, бидејки не му успеа потегот.
Но по повеќето критики, самиот Ентони мораше да се јави на социјалните мрежи со порака за она што не успеа да го направи.
„Ние сме познати по нашата уметност на терен, а јас нема да запрам тоа што ме доведе овде“, истакна Ентони.