сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Скромниот Канте последен го зема во раце пехарот- се срамеше да праша дали може да се фотографира со него (ВИДЕО)

Скромниот Канте последен го зема во раце пехарот- се срамеше да праша дали може да се фотографира со него (ВИДЕО)

Канте е докажан тимски играч кога е на терен, а со тоа и многу скромен како човек, тоа се докажа и на завчерашната прослава со пехарот.

Доколку Стивен Нзонзи не се присетил дека Нголо Канте се уште не се фотографирал со пехарот и не го допрел откако им беше врачен, веројатно Канте и немаше да се фотографира со него.

Тој е играч кој не влетува во преден план пред останатите и секогаш е во сенка на оние главни играчи како во својот тим, така и во репрезентацијата.

Во моментите кога трофејот бил во рацете на Флориан Таувин, Нзонзи едноставно го зграбил и му го врачил на скромниот Канте да се фотографира со него, погледнете.