Славен Билиќ доби отказ од управата на Вотфорд. Хрватскиот тренер пред помалку од половина година дојде во англискиот второлигаш.
Како главна причина за отказот се наведува заостатокот од четири бодови до шестото место на табелата, кое води во разигрувањата за пласман во елитниот фудбалски ранг, Премиер лигата.
Вотфорд моментално е деветти во Чемпионшип, а новиот тренер се очекува да биде претставен до крајот на оваа недела.