Поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација Славен Билиќ е нов тренер на Саудиска Ал-Фатех.
Билиќ веќе работеше во Саудиска Арабија, откако во сезоната 2018/19 беше на чело на Ал-Итихад, но доби отказ по дваесет натпревари, односно по само шест забележани победи.
Во својата тренерска кариера работеше и во Хајдук од Сплит, Локомотив од Москва, Бешикташ, Вест Хем, Вест Бромвич Албион, Пекинг и Вотфорд.
Хрватската репрезентација ја водеше од 2006 до 2012 година. Како играч одигра 44 натпревари во репрезентацијата и постигна три гола.