Иако засега нема ништо официјално околу иднината на Далиќ, иако јавноста бара негово заминување после слабите настапи во изминативе година ипол и лошите два меча на Еуро 2020, многу поизгледно е дека ќе дојде до разделба на актуелниот селектор и федерацијата, иако актуелниот договор трае до крајот на Мундијалот во Катар наредната година.
Сега, во ХНС веќе имаат замена, кој да го наследи Далиќ и тоа е легендарниот Славен Билиќ, кој веќе беше еднаш селектор на „коцкестите“, но сето ова засега се само шпекулации, зашто нема никаква потврда, а сѐ е оставено после завршување на континенталниот шампионат.