Аргентинскиот репрезентативец Серхио Агуеро е нов член на Барселона, потврди попладнево шпанскиот фудбалски гигант, наведувајќи дека напаѓачот ќе му приклучи на тимот на 1 јули кога му истекува договорот со Манчестер сити.
Агуеро со Браселона ќе потпише двегодишен договор со отштетна клаузула од 100 милиони евра.
Аргентинскиот 32-годишен напаѓач дојде во Сити од редовите на Атлетико Мадрид во 2011 година и стана еден од најдобрите голгетери во историјата на клубот од Манчестер со 260 голови. Агуеро со Сити освои пет шампионски титули во Англија, а во саботата загуби од Челзи во финалето на Лигата на шампиони.
Агуеро е само првото засолување што Барселона планира да ги донесе во летниот преоден рок во обид да го реорганизира тимот, кој сезонава заврши на третото место во шпанското првенство зад мадридските ривали Атлетико и Реал. (МИА)