вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Следна дестинација за Далот – Борусија Дортмунд

Следна дестинација за Далот – Борусија Дортмунд

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед  Диого Далот и оваа сезона повторно ќе ја помине на позајмица, овојпат во германската Бундеслига.

Медиумите на Островот пренесуваат дека Португалецот кој во Јунајтед дојде во ерата на Жозе Мурињо сега би можел да ја засили екипата на Борусија Дортмунд.

Минатата сезона тој ја помина на позајмица во Милан, а „Росонерите“ сакаат и сезонава тој да е дел од „црно-црвениот“ табор. Сепак, се чини дека „милионерите“ имаат предност.

Португалскиот фудбалер има уште две години од договорот со „ѓаволите“.Досега за тимот од „Олд Трафорд“ одигра 35 меча и постигна 1 гол.