среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Снајдер со сериозно обвинување: Тадиќ го одредува тимот на Ајакс

Снајдер со сериозно обвинување: Тадиќ го одредува тимот на Ајакс

Поранешниот холандски репрезентативец, Весли Снајдер, излезе со неочекувано обвинување на сметка на српскиот репрезентативец Душан Тадиќ.

Снајдер тврди дека фудбалерот на Ајакс го контролира тимот со помош на влијанието на својот менаџер, па Тадиќ е тој кој се слуша во однос на играчите кои ги бира тренерот Алфред Шројдер.

Шројдер и Тадиќ имаат ист менаџер, односно Милош Миленовиќ, а Снајдер смета дека тоа е конекцијата која му носи предност на Србинот.

– Зошто Шројдер не започна со Кудус како „десетка“ и Броби како напаѓач? Зошто играше Класен?

– Мислам дека тренерот не постапи така, бидејќи ако формацијата се покажеше како успешна, тоа ќе беше крај за Тадиќ.

– Ова не го зборувам на памет, имам извори во клубот и другите фудбалери се незадоволни. Никогаш не се случило еден менаџер да има толкава моќ во Ајакс, можеби причината е заминувањето на Овермарс, – изјавил Снајдер, кој очигледно не е голем фан на Србинот.